Општинската организација на СДСМ од Велес излезе со реакција на синоќешниот одговор на носителот на листата на ВМРО ДПМНЕ Зоран Љутков, откако кандидатот за советник на листата на СДСМ Кирил Гајдов го праша дали е точно дека станал жител на Велес прес еден месец, за да може да биде носител на листа. Од СДСМ велат дека Љутков ги избегнал одговорите на вчера поставените прашања.
Содржината продолжува под рекламата
„Околу кариерата на Љутков, народот особено ја памти неговата улога во серијалот ГДОМ каде што беседеше и го величеше режимот на Груевски. Таа улога ќе остане незаборавена. Улога за величење на режим од кој и денеска се чувствуваат последици. Меѓутоа, Љутков избегна да одговори на поставените прашања, дали е точно дека од 2008 година има живеалиште во Скопје? Точно ли е дека од 2008 година, и личната карта му е “скопска”, за на 03.09.2021 да стане “велешка”, само за да може да бидете носител на Советничката листа на ДПМНЕ? Точно ли е дека дури и колата која ја вози е со “скопски” регистарски таблички? Ако ова е вистина, дали чувствува грижа на совест затоа што дрско ја манипулира велешката јавност“, прашуваат од СДСМ.
Содржината продолжува под рекламата
Тие го повикаа носителот на листата на ВМРО ДПМНЕ Љутков да одговори на поставените прашања, а во спротивно ќе значело дека сето тоа е вистина.
Содржината продолжува под рекламата
Љутков вчера прозивките на СДСМ ги оцени како беден напад полн со невистини кон него и неговото семејство. Според него, СДСМ бил исплашен од завчерашниот митинг на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата и од, како што рече, поразот на претстојните избори.
Можеби ќе ве интересира: