Kozuvcanka Web Banner_600x200 Srekna nova 2025

ИЗБОРИ 2021: ВМРО ДПМНЕ ги обвини Коциќ и Коцевски дека вработиле преку 40 луѓе во општината

Кандидатот за член на Советот на Општина Велес од листата на ВМРО ДПМНЕ Коста Нојков денеска изјави дека кандидатот за градоначалник Ненад Коциќ и неговата партија СДСМ единствено се залагаат за 0 проценти невработеност кај своите партиски активисти. Според Нојков, освен партизација на институциите, преку вработување на своите најблиски и своите партиски активисти, тие не направиле ништо друго за градот.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

За Нојков, претходните четири години поминале во арогантно владеење со општината од страна на СДСМ, Аце Коцевски и Ненад Коциќ. Тој ги обвини и Коцевски и Коциќ дека во општината вработиле преку 40 луѓе, претежно партиски активисти и блиски роднини и ги праша зошто, како што рече, ги лажеле велешани дека Општина Велес е превработена.

Содржината продолжува под рекламата

„Дали е точно дека Аце Коцевски си вработил свои блиски роднини и пријатели во ТППЕ, но и во ЈКП Дервен? Дали е точно дека на последнииот ден од рокот за распишување на изборите Аце Коцевски потпишал решенија за вработување на еден шофер и двајца даватели на услуги? Дали е точно дека додека Претседател на Совет беше Ненад Коциќ, има вработено свој близок роднина во одделението за животна средина во Општина Велес? Дали е точно дека сегашниот Претседател на Совет Гајдов си има вработено својата блиска роднина во одделението за Локален Економски Развој? Дали е точно дека поранешниот Претседател на Совет на Општина Велес, Душко Петров, си ја вработи својата сопруга во Центарот за јавно здравје – Велес? Дали е точно дека советничката Пандорка Прличкова бирала повеќе работни позиции за својот сопруг и тоа еднаш на патарините на Македонија пат, за сега да биде вработен во Територијалната Противпожарна Единица во Велес? Патем, за истата советничка има покренато случај во антикорупциска поради гласање на седница на Совет на Општина Велес, на точка Буџет на ТППЕ а во исто време таму работи нејзиниот сопруг. Дали е точно дека екс советникот Милан Нацев штом си дал оставка од функцијата советник во советот, по многу брзо време бил вработен во Општина Велес? Дали е точно дека советникот од СДСМ, Менсур Бачевац си го вработи својот син во Територијална Противпожарна Единица, а советничката Маја Стојановска ја вработивте во ООУ Стојан Бурчевски Буридан во с. Иванковци? Како е возможно на огласот за лекари од општа пракса објавен од Општата болница – Велес да биде вработена сестрата на екс лидерот на младите на СДСМ во Велес, Велимир Арсов, кога истата била помеѓу последно рангираните? Дали советникот Зоран Ѓуровски е вработен по партиска линија во Агенцијата за млади и спорт?“, праша Нојков.

Содржината продолжува под рекламата

Нојков се закани со одговорност за Коциќ и Коцевски за споменатите вработувања.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: