Расте бројот на активни случаи во Велес. Во ковид статистиката на Министерството за здравство , денес се регистрирани нови 25 позитивни случаи на ковид -19, оздравени се девет пациенти, а еден 75 годишен велешанец ја изгуби битката со вирусот. Бројот на активни случаи во Велес е 304.
Содржината продолжува под рекламата
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 2.900 тестирања, а регистриран е 421 нов случај на КОВИД-19: Скопје – 211, Куманово – 32, Штип – 26, Велес – 25, Кавадарци – 19, Кочани – 15, Прилеп – 13, Охрид – 12, Македонска Каменица – 9, Гевгелија – 7, Струмица, Кичево и Крива Паланка – по 6, Свети Николе – 5, Гостивар – 4, Битола, Радовиш, Берово, Виница и Демир Хисар – по 3, Кратово и Богданци – по 2, Тетово, Неготино, Ресен, Пробиштип, Валандово и Крушево – по 1.
Содржината продолжува под рекламата
Регистрирани сe 395 оздравени пациенти, во текот на изминатите 24 часа починале 8 лица: 3 од Скопје (86г, 74г, 69г) и по едно починато лице од Кратово (88г), Велес (75г), Виница (66г), Куманово (64г) и Охрид (61г) Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Содржината продолжува под рекламата
Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 5 починати лица, со датум на смрт од 06.09.2021 до 28.09.2021 година. Регистрирани се 3 починати лица од Скопје и по едно починато лице од Гевгелија и Битола, на возраст од 67 до 94 години. Од пријавените лица 2 се починати во болнички услови, а 3 во домашни услови.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 195.963бројката на оздравени пациенти е 182.473, на починати е 6.888, а бројот на активни случаи изнесува 6.602.
Можеби ќе ве интересира: