Реклама

Нови 31 позитивни случаи на ковид-19 во Велес

Veles Oktomvri 2021

Се зголемува бројот на активни случаи во Велес. Денес во ковид статистиката на Министерството за здравство се регистрирани нови 31 случај на ковид-19. Оздравени се 22 пациенти, а двајца велешани се починати во велешкиот ковид центар. Бројот на активни случаи во Велес се сискачи на 318, со што е на трето место по број на активни случаи во Македонија.

Zito akcija 640x289px

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 3.595 тестирања, а регистрирани се 395 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 177, Куманово – 35, Велес – 31, Штип – 21, Кавадарци – 19, Прилеп – 17,  Охрид и Кочани – по 12, Битола –  11, Струмица – 10, Гевгелија – 7, Тетово – 6, Кичево – 5, Кратово – 4, Гостивар, Свети Николе,Радовиш, Ресен, Крива Паланка, Валандово и Богданци – по 3, Пробиштип –  2, Струга, Крушево, Демир Хисар, Македонска Каменица и Дојран – по 1.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Регистрирани сe 245 оздравени пациенти, во текот на изминатите 24 часа починале 14 лица: 6починати лица од Скопје (85г, 85г, 80г, 75г,72г и 68), 2 починати лица од Велес (71г и 66г) и по едно починато лице од Битола (22г), Македонски Брод (75г),Радовиш(67г), Куманово (90г) и Струмица (66г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Содржината продолжува под рекламата

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 7 починати лица, со датум на смрт од 05.09.2021 до 10.10.2021 година. Регистрирани се тројца починати лица од Скопје, два починати лица од Тетово и по едно починато лице од Крива Паланка и Прилеп, на возраст од 58 до 88 години. Од пријавените лица 4 се починати во болнички услови, а 3 во домашни услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 196.762бројката на оздравени пациенти е 183.027, на починати е 6.922, а бројот на активни случаи изнесува 6.813. 

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/24464/drachevo-go-zakova-na-dnoto-na-tabelata-borecz/