Реклама

Марко Колев и ВМРО-ДПМНЕ објавија победа, Велес добива нов градоначалник

Marko Kolev

ВМРО-ДПМНЕ вечерва слави во Велес. Нејзиниот кандидат за градоначалник Марко Колев прогласи победа во првиот круг над својот најголем претендент, кандидатот на СДСМ д-р Ненад Коциќ.

Zito akcija 640x289px

„Разликата е огромна. Од ова место прогласувам победа во првиот круг. Сакам да им се заблагодарам на сите што помогнаа и учествуваа во кампањата. Времето не не послужи, но љубовта и желбата за просперитетен Велес, за Велес кој го сакаме успеа. Сакам да порачам дека на митинзите и настапите зборувам многу јавно и отворено. Не омаловажуваа, ни го деградираа образованието, ни ја деградираа работата, но издржавме машки. Е, сега ќе ви покажеме како се работи за Велес. Како се работат проекти и како се мисли на велешани. Упатувам апел за смирување на страстите во Велес. Велес мора да оди напред, Велес мора да фати чекорот со другите градови околу нас, затоа што Велес е срцето на Македонија“, изјави Колев пред присутните на прославата на победата.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Според информациите од партијата и советот на општината ќе го води ВМРО -ДПМНЕ, бидејќи го имаат освоено мнозинството.

Кога и официјално ќе биде прогласен за победник на изборите, Марко Колев ќе стане најмладиот градоначалник на Велес од осамостојувањето на Македонија.

Можеби ќе ве интересира: