23 годишна девојка почина во велешкиот ковид центар

kreveti infektivno
kreveti infektivno

23-годишна девојка од село Иванковци почина од ковид-19 во велешкиот ковид центар. Девојката имала и други болести, кои придонеле за влошување на состојбата.

Zito akcija 640x289px

Од велешката болница информираат дека во моментов, таму се хоспитализирани 38 пациенти, што е за четири помалку од вчера, од кои 28 имаат позитивни тестови, еден пациент е сомнителен на вирусот, а девет пациенти се негативни на ПЦР тестовите, но се уште имаат потреба од болничка нега. На кислородна поддршка се 19 пациенти.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

На инфективното оддееление се сместени 20 пациент, во модуларната болница има 14 пациенти и на интерното одделение од ковид-19 се лекуваат четири пациенти.

Содржината продолжува под рекламата

Тројца нови пациенти се хоспитализирани поради компликации од ковид-19 денеска на инфективното одделение во велешката болница. Шест пациенти се отпишани со по еден негативен тест.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: