Реклама

Боречкиот клуб Борец го прослави 60 роденден

Денес Боречкиот клуб Борец го прослави 60 роденден. По тој повод беше организиран боречки турнир “Листон“, на кој земаа учество 94 борачи од сите екипи од Македонија, како и десет натпреварувачки во женска конкуренција.

Zito akcija 640x289px

На турнирот беа доделени плакети на сите помагатели на клубот, а исто така беше доделена и Дијамантска плакета на Ангел МИцевски-Скакар, за своето несебично залагање во клубот сите овие 60 години.

-Содржината продолжува под рекламата –

Agria

За најдобар борач на турнирот од сите тренери прогласен е Ердин Зејнелов Борец а за најдобар техничар Полат Зејнелов Борец. Во екипна конкуренција првото место го освои Балканец со 44 бода, на второто место е екипата на Борец со 32 бода, и на третото место е екипата на Тефејуз со освоени 20 бода.

-Содржината продолжува под рекламата –

Резултати по категории:

Категорија до 38 килoграми жени: Прво место Ангела Трајковска, второ место ,Марија Вељановска,трето место Анабела Стојаноска.

Категорија до 43 килoграми жени: Прво место Викторија Ѓурова, второ место Деспина Богеска, трето место Кристина Цветановска.

Категорија до 53 килoграми жени: Прво место Тамара Цветковска, второ место Андреа Христовска.

Категорија до 60 килoграми жени: Прво место Анабела Данилова, второ место Марија Цветанова.

Категорија до 30 килoграми мажи: Прво место Увејс Мусли „Лирија“, второ место ,Дарио Ѓуров „Балканец“,трето место Диме Јовановски „Борец“.

Категорија до 36 килoграми мажи: Прво место Музафер Алими „Тефејуз“, второ место ,Александар Ѓорѓиев „Бучим“, трето место Марко Васков „Вардар“.

Категорија до 38 килoграми мажи: Прво место Даниал Вејсели, второ место ,Никола Гицев, трето место Аце Јовановски.

Категорија до 30 килoграми мажи: Прво место Мердијан Џелили „Лирија“, второ место Андреј Мишев „Балканец“,трето место Бобан Димов и Асан Кариман „Борец“.

Категорија до 45 килoграми мажи: Прво место Полат Зејнелов „Борец“, второ место Матеј Трајковски „Вардар“,трето место Вардар Али „Неготино“.

Категорија до 46 килoграми мажи: Прво место Јован Атанасов „Балканец“, второ место Мухамед Вејсели „Вардар“,трето место Тино Николовски и Ристе Ставрев „Борец“.

Категорија до 62 килoграми мажи: Прво место Зоран Шоров „Балканец“, второ место Ениз Демири „Тефејуз“ ,трето место Јован Балабанов „Балканец“ и Фљамур Исмаили „Лирија“.

Категорија до 66 килoграми мажи: Прво место Ердин Зејнелов „Борец“, второ место Дамјан Смилков „Балканец“ ,трето место Стојанче Стојков „Балканец“ и Нино Асанов „Борец“.

Категорија до 75 килoграми мажи: Прво место Андреј Трајчов „Балканец“, второ место Јусуф Алиев „Борец“ ,трето место Артан Мемеди „Лирија“ .

Категорија до 77 килoграми мажи: Прво место Дарио Димитров „Балканец“, второ место Стефан Димитров „Бучим“ ,трето место Ердинч Зејнелов „Борец“ .

Категорија до 85 килoграми мажи: Прво место Увејт Алиу „Студеничани“, второ место Радован Угриновски „Борец“ .

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/24962/zapochna-izgradbata-na-poligon-za-velosipedi-pump-track-vo-veleshkiot-gradski-park/