МВР пронајде 42 мигранти во камион

migranti
migranti

Вкупно 42 мигранта, од кои еден е од Бангладеш, а останатите се од Сирија, биле откриени во камион во близина на грчката граница. Тие биле пронајдени откако полициско возило го следело камионот во близина на Стар Дојран.

Zito akcija 640x289px

Полициска патрола го следела камионот кај градот Стар Дојран, кој се наоѓа на 160 километри јужно од главниот град Скопје, со намера да го запре и да го прегледа, но пред да успеат да го направат тоа, камионџијата и сопатникот скокнале додека возилото било во движење.

Agria

Камионот потоа се свртел и удрил во полициската патрола, а при ударот полицајците не биле повредени.

Според МВР, станува збор за првата поголема група мигранти откриена во Македонија во изминатите шест месеци. Мигрантите се сместени во прифатилиште во близина на границата со Грција.

Во последните шест месеци ова е прва поголема група мигранти откриена во Македонија, се вели во соопштението на полицијата.

Македонија беше главна рута за мигрантите кои сакаа да одат во побогатите европски земји, но од почетокот на пандемијата на корона вирусот и заострените гранични контроли, Албанија стана претпочитана дестинација за мигрантите кои преминуваат од Грција на пат кон централна и Северна Европа.

Moжеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: