Фудбалерките на Борец брзо им се вратија на победите. По непријатниот пораз на домашен терен од Тиверија, фудбалерките на Борец ја совладаа екипата на Шкендија во Тетово со резултат 0:4.
Натпреварот беше решен уште во првото полувреме кога беа и постигнати головите. Шемсовиќ во третата минута го отвори резултатот, а Батиниќ во девeтата зголеми на 0:2. Следуваа два гола на Досуму во 28 минута и 36 минута за конечни 0:4.
Содржината продолжува под рекламата
По одиграни пет кола велешанки се наоѓаат на третото место на табелата со освоени десет бода, и гол разлика од 17:5. Во наредното коло во Велес гостува екипата на Деспина Прилеп, која се наоѓа на осмото место на табелата со освоени шест бода.
Можеби ќе ве интересира: