Закажана седницата за гласање доверба на Владата

Talat Dzaferi
Talat Dzaferi

Седницата за гласање на доверба на Владата е закажана за вo четврток. Собранието соопшти дека вчера било доставено барањето за гласање доверба на Владата.

Zito akcija 640x289px

„ Претседателот на Собранието, Талат Џафери, согласно член 215 став 2 од Деловникот на Собранието ќе ја свика седницата за поставеното барање за гласање за доверба на Влада, а истата ќе се одржи на третиот ден од денот на поставување на прашањето за доверба на Владата, односно во четврток (11.11.2021), во 11:00 часот, Според член 215 став 3 од Деловникот на Собранието, рокот за свикување на седница почнува да тече наредниот ден од денот на поставувањето на прашањето за доверба на Владата“, се наведува во соопштението.

Agria

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски и пратеничката Ангелинка Петкова се во изолација, но се очекува во четврток да дојдат во Собрание на седницата по поднесената Иницијативата за изгласување недоверба на Владата.

Како што рече Мицевски за МИА, тој и Петкова ќе присуствуваат на седницата согласно Протоколот што беше донесен од Комисијата за заразни болести и беше применет во Собранието во април годинава.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: