Владата на денешната седница донесе одлука за прогласување на кризна состојба во енергетскиот сектор во траење од 30 дена на барање на Комисија за следење на состојбите со снабдување со електрична енергија формирана од Министерството за економија.
Како што информираше министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција во Владата, одлуката е донесена врз основа на процената на Комисија дека постои ризик од настанување на кризна состојба поради недостиг на електрична енергија и состојбата на пазарот на електрична енергија врз основа на извештајот изготвен од МЕПСО за проценката на стабилноста на македонскиот електроенергетски систем за последниот квартал на оваа година.
Содржината продолжува под рекламата
„Според доставениот извештај се процени дека постои ризик од настанување на кризна состојба поради недостиг на електрична енергија и состојбата на пазарот на електричната енергија. Ваквата проценка на ризици се темели на неколку основи: заради капацитетите на домашното производство но и заради зголемените цени во странските берзи“, рече Бектеши.
Содржината продолжува под рекламата
Бектеши дополни дека како единствена мерка која произлегува од оваа одлука за прогласување на енергетска криза е да се вбризгуваат финансиски средства во енергетските компании се со цела да се стабилизира состојбата на пазарот со електрична енергија.
Можеби ќе ве интересира: