Поразите на главните конкуренти на табелата, Тиверија и Каменица, фудбалерките на Борец не успеааја да го искористат. Денес на стадионот „Зоран Паунов“ во Велес, тие ремизираа со екипата на Деспина Прилеп со 1:1.
Велешанки уште од самиот старт тргнаа офанзивно, но никако не можеа да го најдат патот до мрежата на гостинките. Сепак во 34 минута по еден брз напад, Максимовиќ испадна сама пред голот на гостинките и ја лобуваше голманката Павловска за водство од 1:0 за Борец.
Содржината продолжува под рекламата
И кога сите на трибините на стадионот „Зоран Паунов“ очекуваа зголемување на водството, гостинките преку еден брз противнапад во 63 минута преку Петровска го израмнија резултатот. До крајот на натпреварот фудбалерките на Борец се обидуваа да дојдат до водство, но нападите беа јалови и без резултат.
Содржината продолжува под рекламата
Во наредното коло фудбалерките на Борец гостуваат кај екипата на Атлетико, која е последна на табелата без ниту еден освоен бод.
Можеби ќе ве интересира: