Со нова и енергетски ефикасна, се заменува старата и дотрајана фасада на најголемото основно училиште во Велес, „Васил Главинов“. Градежни работници веќе неколку недели работат на една од најважните инвестиции во ова училиште во последно време. Со новата термоизолациона фасада ќе се заштеди топлинска енергија, но и пари, особено во зимските месеци.
Инвестицијата се прави со сопствени средства на училиштето од т.н. блок дотации, кои беа заштедени во текот на претходните две години.
Содржината продолжува под рекламата
„За реконструкција на фасадата се предвидени средства во висина од 8.600.000 денари, обезбедени од блок дотациите на училиштето. Со дополнителни средства од блок дотации во висина од 1.990.000 денари, во прва времена фаза, се изврши и замена на старите со нови ПВЦ прозорци. Се заменија и 42 прозорци во училниците и 5 прозорци во наставничката канцеларија, во износ од 2.340.000 денари, средства од блок дотации“, велат од општина Велес.
Содржината продолжува под рекламата
Увид во градежните активности денеска направи градоначалникот на Велес, Марко Колев.
Можеби ќе ве интересира: