Ракометарите на Борец се елиминирани од Купот на Македонија. Во елиминациското коло од Купот на Македонија, во слата „Гемиџии“ поразени се од кавадаречкиот Суперлигаш Тиквеш со високи 26:35.
Велешани одлично го започнаа мечот, имаа водство од 3:1, а во 10 минута и 6:4. Веќе во 15 минута водството беше 9:6, што беше аларм за гостинскиот тренер Горан Андоноски да побара тајм аут. Тоа како да ги разбуди кавадарчани па по една серија од 6:0 веќе во 20 минута го превзедоа водството. Домаќините до крајот на полувремето постигнаа само еден погодок за водсво на Тиквеш од 10:18.
Содржината продолжува под рекламата
Во вториот дел и Андоноски на терен испрати комбиниран состав, па Тиквеш рутински ја чуваше предноста и ја зголемуваше. Во финишот суперлигашот имаше и двоцифрена позитива и обезбеди пласман во следната рунда.
Содржината продолжува под рекламата
Во велешкиот состав светла точка беа голманите Манев и Митревски, додека Кристијан Ристов постигна осум погодоци. Кај гостите од Кавадарци најефикасен беше Дрогришки исто така со осум постигнати погодоци.
Можеби ќе ве интересира: