Тројца пациенти починаа во велешкиот ковид центар во последните 24 часа. Двајца пациенти од Велес на 87 и 89 годишна возраст како и 76 годишен пациент од Свети Николе се нови жртви на коронавирусот.
Од велешката болница информираат дека во моментов, таму се хоспитализирани 54 пациенти, што е за двајца пациенти помалку од вчерашниот ден. 36 имаат позитивни тестови, тројца пациенти се сомнителени на вирусот, а 15 пациенти се негативни на ПЦР тестовите, но се уште имаат потреба од болничка нега. На кислородна поддршка се 18 пациенти.
Содржината продолжува под рекламата
На инфективното оддееление се сместени 23 пациент, во Модуларната болница има 22 пациенти и на интерното одделение од ковид-19 се лекуваат девет пациенти.
Можеби ќе ве интересира: