Додека фудбалерките на Борец мака мачат да победат на домашен терен, на гостински се неприкосновени. Во Битола во рамките на седмото коло од Првата женска фудбалска лига беа подобри од Атлетико со резултат 0:4.
Велешанки во третата минута преку Досуму го открија резултатот а во 29 минута го зголемија водството на 0:2 со голот на Максимовиќ. Во 55 минута младинската репрезентативка Перчинковска зголеми на 0:3, за да Велинова во 85 минута од пенал го постави конечниот резултат 0:4.
Содржината продолжува под рекламата
По седум одиграни кола фудбалерките на Борец се наоѓаат на делба на третото место со актуелниот првак Каменица Саса, со освоени 14 бода, еден помалку од лидерот Скопје 2014.
Можеби ќе ве интересира: