Во Велес нови 24 случаи на коронавирус, 14 оздравени

Veles noemvri 2021

Во денешната ковид статистика во Велес се регистрирани нови 24 позитивни случаи на ковид-19. Оздравени се 14 пациенти, а двјцата пациенти кои се починати во велешкиот ковид центар не се евидентирани. Бројот на активни случаи во Велес се искачи на 368.

Zito akcija 640x289px

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа, направени се 4.323 тестирања, а регистрирани се 528 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 200, Битола – 53, Прилеп – 42, Кавадарци – 34, Велес – 24, Кочани – 22, Штип – 19, Куманово – 18, Охрид – 13, Струмица и Гевгелија – по 10, Крива Паланка и Пробиштип – по 9, Кратово и Демир Хисар – по 7, Тетово, Ресен и Валандово – по 6, Гостивар и Неготино – по 4, Кичево, Свети Николе, Берово и Делчево – по 3, Струга, Радовиш, Виница, Богданци и Демир Капија – по 2, Македонска Каменица, Дојран и Пехчево – по 1.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Регистрирани сe 327 оздравени пациенти од: Скопје – 133, Битола – 37, Куманово – 27, Кавадараци – 19, Тетово – 18, Велес – 14, Штип и Охрид – по 10, Прилеп – 8, Кочани, Струмица и Крива Паланка – 7, Гевгелија, Валандово и Кичево – по 4, Пробиштип, Демир Хисар, Свети Николе и Радовиш – по 3, Неготино и Крушево – по 2, Кратово и Гостивар – по 1.

Содржината продолжува под рекламата

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 7 починати лица: 4 починати лица од Скопје (63г, 66г, 74г и 78г), 2 починати лица од Свети Николе (76г и 84г) и едно починато лице од Кавадарци (65г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени шест починати лица со датум на смрт од 27.10.2021 до 08.11.2021. Регистрирани се починати лица од Скопје (2), Тетово (2), Кичево (1) и Радовиш (1), на возраст од 59-86г, од кои три лица се починати во домашни услови, а 3 лица се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 208.992, бројот на оздравени пациенти е 193.072, на починати е 7.320, а бројот на активни случаи изнесува 8.600.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/25114/novo-gostuvane-i-nova-pobeda-za-fudbalerkite-na-borecz/