Три жени починаа од ковид- 19 во велешката болница

Bolnica Oktomvri 2021

Две велешанки на 81 и 72 години и една жителка на Чашка на 69 годишна возраст починаа денеска во велешката болница, како последница од ковид-19. Две од нив биле позитивни на тестот за коронавирус, но не биле вакцинирани. За третата нема информација за нејзиниот вакцинален статус.

Zito akcija 640x289px

69-годишната жена во болницата се лекувала 18 дена, а 72-годишната жена била хоспитализирана една недела. За 81-годишната жена нема информации дали била вакцинирана, а во болница се лекувала од 19 октомври. Со новите смртни случаи, бројот на починати велешани од ковид-19 од почетокто на пандемијата се искачи на 237.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Во моментов, во велешката болница, поради ковид-19, вкупно се хоспитализирани 50 пациенти. Од нив 41 имаат позитивни тестови, петмина се негативни, а четворица чекаат резултати од тестирањето. На кислородна поддршка се 17 пациенти. На инфективното одделение се лекуваат 19 пациенти, во модуларната болница има 21 пациент, а на интерното одделение се хоспитализирани 10 пациенти.

Содржината продолжува под рекламата

Во моментов, во Велес се регистрирани 357 активни случаи со ковид-19. Вчера беа регистрирани 24 новозаразени велешани. Од почетокот на пандемијата до денеска во велес се регистрирани 6992 случаи со ковид-19.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/25124/borecz-basket-ja-zabelezhaa-vtorata-pobeda/