Учениците од „Блаже Конески“ трети во земјава на акцијата за собирање пластичен отпад

blaze koneski
blaze koneski

Велешкото основно учичиште „Блаже Конески“ го освои третото место, во конкуренција од 70 училишта во акцијата за собирање пластичен отпад. Со тоа, овие ученици и нивните наставници уште еднаш ја потврдија нивната висока еколошка свест.

Zito akcija 640x289px

Акцијата беше спроведена од НЛБ Банка во рамките на  „НЛБ Месецот на штедење“ која оваа година го одбележа под мотото „Да ја сочуваме нашата планета“.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Акцијата се спроведе во периодот од 27 септември до 25 октомври, кога учениците од ООУ „Блаже Конески собраа 584 кг. пластичен отпад и со тоа го освоија високото трето место во конкуренција од 70 училишта, а со тоа ја добија третата награда, која изнесува 1000 евра.

Содржината продолжува под рекламата

“Честитки и благодарност до сите ученици, вработени и родители кои беа дел од оваа акција, за тимот кој успешно ја спроведе како и за организаторот НЛБ Банка. Ваквите постигнувања да бидат дел од нашето секојдневие, затоа што ние сакаме, можеме, успеавме“, рече Јованче Манасков, директор на ООУ „Блаже Конески“.

Од училиштето велат дека докажале дека децата се доволно едуцирани во однос на штедење на природата и зачувување на природните ресурси на Земјата.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: