Се асфалтира улицата од училиштето „Кирил и Методиј“ кон Долнодуќани

Се асфалтира дел од улицата „Архиепископ Михаил“ во Велес, која се наоѓа во старото градско јадро. Асфалтирањето се прави на потегот од градинката кај училиштето „Кирил и Методиј“, кон Долнодуќани, односно до спојот со улицата 9 Ноември.

Zito akcija 640x289px

Градоначалникот на Велес, Марко Колев, заедно со советниците од Урбаната заедница „Славе Петков“, Дејан Палашев и Димитар Абрашев извршија увид на градежните работи на улицата „Архиепископ Михаил“.

Содржината продолжубва под рекламата

Agria

„По асфалтирање на дел од улиците „Енгелсова“, „Петар поп Арсов“ и „8 Март“, денеска за продолжуваме со асфалтирањето на дел од улицата „Архиепископ Михаил“. Градежните работи ги изведува фирмата ДГПТУ БИТЕМ ДООЕЛ СКОПЈЕ“, вели градоначалникот Колев.

Содржината продолжубва под рекламата

За Колев, реконструкцијата и асфалтирањето на улиците низ градот се еден од приоритетите на Општина Велес.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/25134/priveden-veleshanecz-ja-napadnal-15-godini-pomladata-sopruga/