Од велешката болница информираат дека во моментов, таму се хоспитализирани 51 пациенти, што е за еден пациент повеќе од вчерашниот ден. 32 имаат позитивни тестови, седум пациенти се сомнителени на вирусот, а 12 пациенти се негативни на ПЦР тестовите, но се уште имаат потреба од болничка нега. На кислородна поддршка се 15 пациенти.
На инфективното одделение се сместени 20 пациент, во Модуларната болница има 19 пациенти и на интерното одделение од ковид-19 се лекуваат 12 пациенти.
Содржината продолжува под рекламата
Нема нови пациенти кои се хоспитализирани поради компликации од ковид-19, во последните 24 часа испишани се тројца пациенти со по еден негативен тест. Двајца пациенти се транспортирани во клиниката „Жан Митрев“
Можеби ќе ве интересира: