Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев лично го донел во полиција осомничениот за синоќешното убиство, откако го убедил да се предаде

Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев го убедил осомничениот за синоќешното убиство во Кавадарци да и се предаде во полицијата. По убиството, осомничениот побегнал во Радовиш, а градоначалникот Јанчев успеал да стапи во контакт со него и да го наговори да се врати. Јанчев потврди дека ноќва учествувал во преговорите со 45-одишниот жител на Кавадарци ососмничен дека го убил 59-годишниот Зулфи Пашов. Откако се договориле, Јанчев лично го пречекал осомничениот кај Росоман и со свое возило го предал на полицијата.

Zito akcija 640x289px

Шок и неверување денеска кај жителите на кавадаречкото Брушанско маало, откако синоќа, половина час пред полноќ беше убиен нивниот сосед, 59-годишниот Зулфи Пашов. Бил прободен со нож, обидувајќи се да спаси негов роднина од ќотек. Група од неколкумина прво го демолирале возилото на роднината, па почнале да го тепаат. Пашов притрчал да ги смири и да ги раздвои, но толпата му се нафрлила и нему.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Во еден момент, еден од нив, 45-годишен сосед, кој е осомничен за убиството, замавнал со дрво и го удрил Пашов по главата, по што го турнал на подот, а потоа неколкупати го избодел со нож во пределот на градите. Од здобиените повреди, на пат кон итната медицинска помош, Пашов починал. Убиецот побегнал, но на местото на настанот имало сведоци. Еден од нив е Аце Фазлиов, роднина на убиениот.

Содржината продолжува под рекламата

„Ни крив, ни должен човекот ди замина. Отишол да ги раскачи, да го одбрани и така се случи убиството. Човекот не знаеше да се скара со никого. Цело Кавадарци го познава. Нема човек кој за него ќе рече нешто лошо“, рече Фазлиов.

Попладнево на осомничениот за убиство му е одреден 30-дневен притвор. Јавен обвинител направи увид и нареди обдукција на телото на убиениот. Во меѓувреме, полицијата повикала уште четворица кавадарчани, за кои се сомнева дека учествувале во тепачката.

Според неофицијални информации, причината за инцидентот е семејна расправија, во врска со старателство на дете.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: