понеделник, 8 јули, 2024
Реклама

Како коронавирусот го добил своето име?

Дали знаете што значи и од каде доаѓа името на новиот вирус – коронавирус? Зборот „корона“ значи „круна“, а на вирусот му е додадена оваа „титула“ бидејќи кога овие вируси ги набљудувате под електронски микроскоп, ќе видите дека се појавуваат во форма на круна, објаснува д-р Бану Суд, специјалист за инфекциски болести во Медицинскиот центар „Свети Џуда“ во Пласентија, Калифорнија.

Zito akcija 640x289px

„Поголемиот број коронавируси се безопасни. Тие предизвикуваат благи до умерени болести на горниот респираторен тракт, слично како и вообичаената настинка. Поголемиот број на луѓе ќе бидат заразени со овие вируси во некој момент од нивните животи“, вели д-р Суд .

Agria

Тој нагласува дека вирусите САРС и МЕРС се многу посериозни од коронавирусот. Стапката на смртност е околу 10 проценти за луѓето заболени од САРС и 30 проценти за луѓето заболени од МЕРС.

Сеуште нема соодветен лек

Според д-р Суд, коронавирусот највообичаено се пренесува од заболено лице на здраво преку воздухот со кашлање и кивање, преку близок личен контакт како допирање или ракување и со допирање на објект или површина на која што има вирус и потоа со допирање на устата, носот и очите, пред да ги измиеме рацете.

„Луѓето обично се заразуваат со вообичаениот коронавирус во есен или зима. Како и да е, инфекциите можат да се појават во било кое време во годината“, вели д-р Суд.

Тој, исто така, укажува и дека САРС и МЕРС се појавиле поради контакт на животни со човек, односно САРС се пренесува од контакт со лилјаци, додека МЕРС од контакт со камили.

Досега во светот со коронавирус се заразени 924 500 луѓе, а починале 46 700, со што стапката на смртност изнесува 5 проценти.