23 нови случаи на ковид-19 во Велес, и тројца починати

Veles noke

И денес во ковид статистиката на Министерството за здравство Велес има високи бројки на новозразени пациенти. Во последните 24 часа се регистрирани нови 23 позитивни случаи на ковид-19, оздравени се 22 пациенти. Регистрирани се и три смртни случаи, пациенти на 76 и 80 годишна возраст се починати, додека едно лице е пријавено согласно согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин со датум на смрт од 28.10.2021 до 05.11.2021.

Zito akcija 640x289px

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 2.911 тестирања, а регистрирани се 493 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 200, Битола – 53, Куманово, Велес и Прилеп – по 23, Кавадарци – 20, Кочани – 19, Штип – 17, Тетово – 13, Делчево – 12, Гевгелија и Неготино – по 10, Демир Хисар – 8, Струмица – 7, Берово и Богданци – по 6, Гостивар, Охрид и Крива Паланка – по 5, Радовиш и Ресен – по 4, Пробиштип, Валандово и Кратово – по 3, Кичево, Струга, Виница и Македонска Каменица – по 2, Свети Николе, Македонски Брод и Пехчево – по 1.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Регистрирани сe 532 оздравени пациенти од: Скопје – 232, Битола – 44, Кавадарци -29, Кочани – 23, Велес – 22, Прилеп – 20, Тетово – 16, Куманово – 15, Крива Паланка – 14, Ресен – 12, Штип и Делчево – по 10, Охрид, Гевгелија и Берово – по 8, Гостивар и Радовиш – по 7, Кичево, Неготино и Пробиштип – по 6, Свети Николе и Демир Хисар – по 5, Валандово – 4, Струга и Дебар – по 3, Виница, Кратово, Богданци и Пехчево – по 2, Дојран – 1.

Содржината продолжува под рекламата

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 17 починати лица: 4 починати лица од Куманово (62г, 64г, 78г и 93г), 3 починати лица од Прилеп ( 73г,76г и 79г), по 2 починати лица од Скопје (72г и 91г), Велес (76г и 80г) и Кавадарци (57г и 71г), и по едно починато лице од Битола (78г), Делчево (41г), Крива Паланка (79г) и Ресен (71г). Од пријавените лица шеснаесет се починати во болнички услови, а едно лице е починато во домашни услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин , се пријавени 6 починати лица со датум на смрт од 28.10.2021 до 05.11.2021. Регистрирани се починати лица од Скопје (4), Велес(1) и Прилеп (1). Починатите лица се на возраст од 43-97г, од кои 4 лица се починати во домашни услови, а 2 лица во болнички услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 210.938, бројот на оздравени пациенти е 195.157, на починати е 7.390, а бројот на активни случаи изнесува 8.391.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/25206/se-namaluva-brojkata-na-hospitalizirani-paczienti-od-kovid-19/