Бугарија денеска избира претседател

sofija, bugarija
sofija, bugarija

Бугарите денеска во вториот круг гласаат за претседател на државата и се очекува уште еднаш да му дадат доверба на актуелниот претседател Румен Радев, кој стана клучна фигура во антикорупциското движење во земјата, пренесуваат медиумите во регионот.

Zito akcija 640x289px

Вториот круг од претседателските избори се одржува во екот на новиот бран на пандемијата Ковид-19. Помалку од 25 отсто од 6,9 милиони луѓе во Бугарија се целосно вакцинирани, а смртноста од Ковид е една од највисоките во светот.

Agria

Во анализите на новинарите се вели дека во оваа парламентарна република владата ја дефинира политиката, а претседателот има претежно протоколарна улога. Но, Румен Радев, кој беше нов во политиката кога победи во 2016 година, на таа функција и даде нова широчина и низ годините се наметнуваше како неизбежна фигура во политичкиот живот.

58-годишниот Радев убедливо водеше по првиот круг од претседателските избори на 14 ноември со повеќе од 49 отсто од гласовите.

Негов противкандидат денеска е универзитетскиот професор по литература Анастас Герџиков, поддржан од партијата „ГЕРБ“, до неодамна владејачка конзервативна партија на поранешниот премиер Бојко Борисов.

Во летото 2020 година, Радев јасно застана на страната на демонстрантите кои бараа оставка од Борисов.

Новата бугарска партија „Продолжуваме да се менуваме“ победи на парламентарните избори пред една недела и ги започна преговорите за формирање влада.

Радев рече дека парламентарните партии имаат важна задача да формираат нова реформска влада која е против корупцијата.

Избирачките места беа отворени утрово во 7.00 часот, а ќе бидат затворени во 20.00 часот кога ќе бидат објавени првите проценки за резултатите врз основа на излезните анкети. Победникот ја презема функцијата на 22 јануари, со мандат од пет години.

Moжеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: