Двајца пациенти ја изгубија битката со коронавирусот во велешкиот ковид центар. 84 годишна пациентка од Велес која имала вирусна хронична респираторна болест, и 69 годишен пациент кој имал хипертензија и дијабет се починати.
Од велешката болница информираат дека во моментов, таму се хоспитализирани 47 пациенти, што е за двајца пациенти повеќе од вчерашниот ден. 36 имаат позитивни тестови, тројца пациенти се сомнителени на вирусот, а осум пациенти се негативни на ПЦР тестовите, но се уште имаат потреба од болничка нега.
Содржината продолжува под рекламата
На инфективното одделение се сместени 21 пациент, во Модуларната болница се сместени по 20 пациенти, и на интерното одделение од ковид-19 се лекуваат шест пациенти. Во последните 24 часа се хоспитализирани четири нови пациенти поради компликации од ковид-19.
Можеби ќе ве интересира: