Од велешката болница информираат дека во моментов, таму се хоспитализирани 51 пациенти, што е за двајца пациенти повеќе од вчерашниот ден. 35 имаат позитивни тестови, шест пациенти се сомнителени на вирусот, а 10 пациенти се негативни на ПЦР тестовите, но се уште имаат потреба од болничка нега. На кислородна поддршка се 20 пациенти.
На инфективното одделение се сместени 23 пациент, во Модуларната болница има 21 пациенти и на интерното одделение од ковид-19 се лекуваат седум пациенти.
Содржината продолжува под рекламата
Во последните 24 часа хоспитализирани се четири пациенти во ковид центарот.
Можеби ќе ве интересира: