Женската фудбалска репрезентација на Македонија во рамките од тековниот квалификациски циклус, на домашен терен, загуби од селекцијата на Северна Ирска со катастрофални 0:11. Ова фијаско на нашите девојки и селекторот Кирил Изов, не може да биде „исперено“ со фактот што ние настапивме со значително ослабен состав, и дека противникот на овој меч беше огромен фаворит.
На овој натпревар во почетниот состав беа и фудбалерките на Борец, Елма Шемсовиќ, која ги одигра сите 90 минути, и Теодора Ѓоргиевска која одигра 54 минути и заработи и жолт картон.
Содржината продолжува под рекламата
Фудбалерките од Северна Ирска на овој меч, конкретно во 16. минути веќе водеше се 0:4, промаши и пенал, а до полувреме имаше плус седум. До крајот гостинките рутински одиграа, додадоа уште четири гола во нашата мрежа за комлетно фијаско на нашиот нацонален тим.
Можеби ќе ве интересира: