
Метеоролозите најавуваат дека во следните денови под влијание на циклонска активност во Медитеранот ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои во западните делови ќе бидат пообилни и поројни.
Денеска се очекува да има врнежи од дожд особено во западните делови каде локално ќе наврнат над 20 л/м2. На планините врнежите ќе бидат од снег и се очекува да се формира снежна покривка.
Минималната температура ќе се движи од 0 до 7 степени, а максималаната дневна од од 2 до 11.
За време на викендот ќе имаме променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, претежно во западните делови. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималаната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималаната од 11 до 16.
Од УХМР информираат дека од вторник под влијание на студен бран ќе дува засилен северен ветер што ќе услови намалување на температурите.Минималаната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а макасималаната дневна од 3 до 10 степени.
Можеби ќе ве интересира: