МВР информира дека во полициска акција во Стар и Нов Дојран рано утрово лишени од слобода биле Д. Р. (43) и Е. И. (27), двајцата од Стар Дојран, и Т. А. (56) од Нов Дојран.
Од полицијата информираат, дека при претресите во нивните живеалишта, извршени со судска наредба, биле пронајдени и одземени дрога и други предмети што потекнуваат од кривични дела.
Имено, каа Д. Р. биле пронајдени и одземени марихуана, предмети со остатоци од прашеста материја, пари и други предмети што потекнуваат од сторени кривични дела тешка кражба и кражба извршени на подрачјето на општина Дојран.
Во домот на Е. И. биле пронајдени и одземени марихуана, пари и предмети што исто така потекнуваат од сторени кривични дела тешка кражба и кражба на подрачјето на општината.
При претресот во домот на Т. А. биле пронајдени марихуана и стебла од растението канабис.
Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Можеби ќе ве интересира: