Англискиот великан Манчестер Јунајтед и натаму се обидува да обезбеди работна виза за новиот менаџер, Ралф Рангник, а се чини дека тој може да пропушти уште два натпревара на „црвените ѓаволи“.
Англиските медиуми потврдуваат дека Германецот нема да го води тимот ниту против Арсенал во четврток, а неизвесен е и за средбата со Кристал Палас која се игра три дена подоцна.
Клубот го официјализираше доаѓањето на 63-годишниот стручњак, но компликациите со добивањето работна дозвола сега се надополнети со построгите протоколи во однос на заштитата од ковид-19.
Британските власти ги засилија мерките за патниците кои доаѓаат поради актуелната ситуација, па тоа го комплицира и појавувањето на Рангник на клупата на Јунајтед.
Можеби ќе ве интересира: