Пронајдени се двете деца од Велес, кои исчезнаа во саботата. Тие сами се вратиле дома. Се работи за две братчиња на возраст од четири и осум години, чие исчезнување во полиција го пријави нивниот татко С.Б. (39) околу три часот наутро во неделата. Таткото и објаснил на полицијата дека братчињата излегле од дома во саботата, во 19.30 часот и не се вратиле назад.
Од велешаката полиција потврдија дека децата се дома и дека тие сами се вратиле.
Содржината продолжува под рекламата
„Децата се во добра состојба. Излегле во саботата, а на нивните родители им кажале дека биле да се прошетаат, па се заиграле. Преноќиле кај некое другарче. Децата се на возраст од четири и осум години. Се надевам дека родителите ќе разговараат со децата и ќе им појаснат во иднина да не им се повтори слична случка“, рече Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Содржината продолжува под рекламата
Двете деца од дома излегле во саботата околу 19:30 минути, а нивниот татко ги пријави за исчезнати во полиција околу 3 часот наутро, во неделата.
Можеби ќе ве интересира: