Вработените од „Колска“ утрово го блокираа железничкиот сообраќај

Kolska blokada zeleznica

Вработените од велешка „Колска“ утрово два часа го сопреа железничкиот сообраќај од Велес кон Битола и Гевгелија. Тие три дена молат за заостанатите три плати, но велат државата не ги есапи. Иако во вторникот, на предупредувачки штрајк овие луѓе ја кажаа својата мака, никој од Владата, која е сопственик на фирмата во која работат, не се заинтересирал за решавање на проблемот.

Zito akcija 640x289px

Велешката фабрика која ги сервисира вагоните на железници со години има проблеми со ликвидноста. Долг период наназад не се плаќал ДДВ кон државата, за да има за плати. Ниските цени по кои ги поправаат вагоните се една од причините за проблемите во „Колска“. Сега, иако имаат работа, не можат да ја наплатат, оти сметката им е блокирана, а УЈП им бара висока рата за заостанатиот данок, кој фирмата не може да го издржи. Во исто време, 87-те вработени доживуваат и лични драми.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Раководството на „Колска“ крева раменици. Управителот Митко Јанков вели дека постојано е во контакт со УЈП, но дека оттаму нема многу слух за да им се намали ратата, па да можат нормално да функционираат. Синдикатот предлага модел за трајно решавање на проблемот со оваа државна компанија.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: