80-годишна пациентка од Велес која имала респираторна инсуфиценција, хипертензија и карцином на дебелото црево, како и пациентка на 71-годишна возраст од Велес која имала хипертензија, респираторна слабост се починати во велешката болница како последица на коронавирусот.
Содржината продолжува под рекламата
Од велешката болница информираат дека во моментов, таму се хоспитализирани 31 пациенти што е за еден пациент помалку од вчера. 19 имаат позитивни тестови, еден пациент е сомнителен на вирусот, а 11 пациенти се негативни на ПЦР тестовите, но се уште имаат потреба од болничка нега. На кислородна поддршка се 19 пациенти.
Содржината продолжува под рекламата
На инфективното одделение се сместени 24 пациенти, на интерното одделение од ковид-19 се лекуваат седум пациенти. Во последните 24 часа во велешкиот ковид центар хоспитализиран е еден нов пациент.
Можеби ќе ве интересира: