По 12 години пробно ќе почне да работи Термо електраната Неготино која работи на мазут. За таа цел, по прогласувањето на кризна состојба во енергетиката, АД ЕСМ набави мазут за ставање во погон на овој производствен капацитет од вкупно 180mw.
Пуштањето на електраната ќе биде во две фази, прво пробно ќе биде пуштен едниот котел со капацитет од 90mw, а потоа и вториот од 90mw. Со ставање во погон на оваа електрана се очекува да се надомести недостатокот од домашно производство на електрична енергија со што би се пребродела енергетската криза знаејќи дека производната цена на ел. енергија од ТЕЦ Неготино е околу 170eur/mwh што претставува драстично пониска цена во однос на моменталните цени на берзата Hupex во Унгарија.
Со ова АД ЕСМ ќе биде во можност да понуди електрична енергија и на стопанските субјекти за пониска цена од берзанските со што ќе се амортизираат ценовните шокови во стопанството во Македонија.
Можеби ќе ве интересира: