Синоќа во салата „Бели мугри“ во Велес се случи премиерата на документарниот филм „Печат на едно време“, кој се сними во продукција на Повардарската епархија.
Содржината продолжува под рекламата
Филмот раскажува за детството и „мачната“ младост на малиот Атанас, кој заедно со својот татко и своите помали браќа полека но сигурно успева да пркоси на предизвиците од тоа време и да се развие во еден млад богослов, подготвен за позивот од Бога да Му служи на Неговата нива. Сиот овој прераскажан дел од животот на Архиерејот, поткрепен е и со прекрасни и емотивни фотографии.
Содржината продолжува под рекламата
Филмот завршува со порака на авторот, но и со поттик на сите верни од патството за поддршка кон Владиката, да истрае во својата јавна одбрана на вековните стремежи на нашите дедовци прадедовци за зачувување на сето она што е наше и свето, или со други зборови како што завршува авторот: „Негова должност е да не ја премолчува вистината, туку јавно да ја говори и брани во свое име и во име на народот, кој што го раководи“.
Можеби ќе ве интересира: