Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа, направени се 2.831 тестирања, а регистрирани се 298 нови случаи на ковид-19 во:
Скопје – 145, Кавадарци – 23, Прилеп – 17, Битола – 14, Кичево – 13, Штип, Охрид и Струмица – по 9, Куманово и Ресен – по 8, Тетово – 6, Гевгелија – 5, Велес , Кочани и Радовиш – по 4, Крива Паланка, Виница и Валандово – по 3, Делчево и Македонска Каменица – по 2, Гостивар, Неготино, Свети Николе, Пробиштип, Кратово, Демир Хисар и Македонски Брод – по 1, а регистрирани се 6 починати лица, по едно починато лице од Прилеп (60г), Велес (68г) , Скопје (69г), Кратово (55г), Демир Хисар (57г) и Охрид (55г). Од пријавените, сите се починати во болнички услови.
Во изминатите 24 часа се регистрирани и 335 оздравени пациенти и тоа од:
Скопје – 165, Битола – 25, Кавадарци – 22, Прилеп – 15, Кочани – 12, Куманово и Охрид – по 10, Ресен и Радовиш – по 9, Велес – 8, Штип – 7, Тетово, Крива Паланка и Делчево – по 6, Демир Хисар – 5, Берово – 4, Кичево -3, Гостивар, Неготино и Македонска Каменица – по 2, Струмица , Гевгелија, Виница, Пробиштип, Крушево , Македонски Брод и Пехчево – по 1.
Досега во земјата се направени вкупно 1.512.496 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 220.467, бројот на оздравени пациенти е 207.238, на починати е 7.778, а бројот на активни случаи изнесува 5.451.
Според дистрибуцијата состојбата на активни случаи со коронавирусот во Велес во моментов изнесува 176 лица.
Moжеби ќе ве интересира: