Министерот за финансии, Фатмир Бесими ја смирува јавноста околу поскапувањето на електричната енергија после Нова година. Според него, не се очекува значително зголемување на цената.
“Имаме доволно планирано за да се ублажи ефектот од енергетската криза. Одлуката на Владата за ЕСМ да оди со пониска цена кон универзалниот снабдувач е добар знак. Ќе видиме до крајот на годината. Регулаторот ќе каже. Бројката од 10% за зголемување на цената на струјата излезе јавно од колегите министри. Јас вообичаено не давам вакви проценки, затоа што тоа ќе го каже РКЕ. Според проценките, нема да биде значително зголемување” рече Бесими во емисијата „Утрински брифинг“.
Можеби ќе ве интересира: