Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 2.740 тестирања, а регистрирани се 327 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 159, Кавадарци – 25, Прилеп – 24, Битола – 17, Гевгелија – 13, Охрид – 12, Куманово – 9, Свети Николе – 8, Штип – 7, Тетово, Велес, Крива Паланка и Валандово – по 5, Кичево и Ресен – по 4, Струмица, Кочани, Неготино и Крушево – по 3, Радовиш, Богданци и Демир Хисар – по 2, Гостивар, Струга, Делчево, Виница, Пробиштип, Кратово и Македонски Брод – по 1.
Содржината продолжува под рекламата
Регистрирани сe 325 оздравени пациенти од: Скопје – 171, Кавадарци – 28, Прилеп – 25, Битола – 18, Куманово – 13, Кочани – 9, Радовиш – 8, Тетово и Штип – по 6, Неготино, Ресен, Делчево и Демир Хисар – по 5, Велес и Кичево – по 4, Струмица, Гевгелија и Кратово – по 2, Свети Николе, Берово, Валандово, Богданци, Македонска Каменица, Демир Капија и Дојран – по 1.
Содржината продолжува под рекламата
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 12 починати лица: 6 починати лица од Скопје (57г, 64г, 72г, 76г, 85г и 86г), две починати лица од Прилеп (40г и 82г) и по едно починато лице од Битола (67г), Кавадарци (73г), Кочани (72г) и Македонски Брод (70г). Од пријавените, сите се починати во болнички услови.
Содржината продолжува под рекламата
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 4 лица, починати во период од 27.11-15.12.2021 година. Починатите лица се од Скопје (2), Кочани (1) и Свети Николе (1). Починатите лица се на возраст од 57г до 88г. Од пријавените починати лица, едно лице е починато во домашни услови, а 3 лица се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 220.794, бројот на оздравени пациенти е 207.563, на починати е 7.794, а бројот на активни случаи изнесува 5.437.
Можеби ќе ве интересира: