Демир Капија и Дебар единствени градови без ниту еден заболен со ковид-19, во Велес 169 активни случаи

Veles kombe kovid maj 2021

Бројот на активни случаи на коронавирус изнесува 5.539 лица, откако вчера беа потврдени 301 нов случај од 3.814 тестирања. Во Велес има активни 169 случаи на коронавирус, што го рангира на шестото место по бројот на активни случаи.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Најмногу од активните случаи на ковид има во главниот град (2.632), по што следат Битола со 429 случаи, Пеилеп со 380, и Кавадарци и Охрид со 265 односно 228 случаи на заразени. Над 100 потврдени случаи на коронавирус има во, Куманово (155), Струмица (135) и Штип (112). Во повеќето други градови бројот е двоцифрен.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Во моментов само во Дебар и Демир Капија не е потврден ниту еден случај на ковид. Мал е бројот на заразени во Пехчево(5) и Дојран(4) активни случаи.

Содржината продолжува под рекламата

Досега во Македонија вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 221.095, бројот на оздравени пациенти е 207.755, а на починати е 7.801.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/25993/vo-veleshkata-bolnicza-pochinat-paczient-od-selo-kartamanovo-od-kovid-19/