Велешани немаа решение за Ташев и Кузманов, нов пораз за ракометарите на Борец

RK Borec RK Vardar Negotino

Уште еден пораз на домашен терен забележаа ракометарите на Борец. Подобри од нив беа ракометарите на Вардар од Неготино со резултат 25:33, полувреме 10:17. Ова беше седми пораз во сезоната за велешани.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Од самиот старт гостите го контролираа резултатот, поведоа со 1:4, а потоа се играше гол за гол. Потоа следуваше пад во играта кај домаќините кога од 17 минута па до крајот на првиот дел постигнаа само еден погодок. Тоа го искористија ракометарите на Вардар и резултатски се одлепија за плус седум на полувреме.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Во вториот дел со малку поагресивна одбрана велашани се обидоа да се вратат резултатски во игра, но техничките грешки во нападот не го дозволија тоа, а Вардар Неготино рутински го сведоа натпреварот во нивна корист за важна победа во борбата за првото место во групата А од Првата лига.

Содржината продолжува под рекламата

Во составот на Борец се истакна Лазар Стојанов кој постигна осум гола, додека кај гостите од Неготино најефикасни беа Ѓорги Ташев со осум гола и Драган Кузманов со седум погодоци.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: