Во текот на вчерашната вечер (19.12.2021) во периодот од 18.00 до 22.00 часот со посебно опремен радар за снимање во ноќни услови, спроведена е зајакната акциска контрола на територијата на СВР Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 33 возачи.
Содржината продолжува под рекламата
Од нив, две возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. При тоа 21 возач ја пречекориле брзината во населено место, а 12 надвор од населено место.
Содржината продолжува под рекламата
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Од СВР Велес апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да се придонесе за побезбедни патишта.
Можеби ќе ве интересира: