Златната топка е само една во низата спортски и други настани што ќе бидат под знак прашалник оваа година, поради ширењето на пандемијата на коронавирус.
Наградата, која ја доделува угледниот француски весник „France Football“ во декември, со гласање на 193 новинари од целиот свет, може да биде откажана.
Проблемот за оваа награда не е директно пандемијата на коронавирусот, бидејќи најверојатно ќе биде под контрола до декември, туку фактот дека повеќето фудбалски првенства во 2020 година нема да се играат за што ќе биде доделена наградата.
Лигата на шампионите најверојатно тешко дека ќе продолжи, а Европското првенство и Копа Америка се префрлаат во следната сезона. Досега не е донесена одлука за тоа кој ќе ја добие наградата, но сигурно е дека од тоа нема ништо да се случи, исто како и наградата за најдобар играч на ФИФА.
Најверојатно ќе се додели наградата „Златна копачка“, чиј извесен освојувач е Чиро Имобиле на Лацио.