Собранието денеска во второ читање ги усвои законските измени за работни односи кои ја дефинираат недела како неработен ден. Тие треба да почнат да се применуваат од 1 јануари.
Содржината продолжува под рекламата
Прецизирани се дејностите во кои неделниот одмор може да се замени и со друг работен ден и тие по проценките се неопходни за нормално функционирање на општеството. Измените предвидуваат за 50 проценти поголема дневница и слободен ден за тие што ќе работат во недела, а се дел од овие дејности. За 100 отсто поголема дневница и слободен ден се предвидува за оние работници кои ќе работат во несуштинските дејности, што е регулирано со Законот за трговија, за кој пратениците треба денеска да расправаат.
Содржината продолжува под рекламата
Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска на собраниската седница истакна дека со овие измени, кои треба да почнат да се применуваат од 1 јануари следната година, се овозможува воспоставување баланс меѓу приватниот и семејниот живот на работниците во нашата земја.
Содржината продолжува под рекламата
Со ова законско решение, рече, 92 проценти од работниците ќе имаат можност во недела да практикуваат семејни, но и социјални дружења и на тој начин, како што нагласи, ќе се генерира поголемо задоволство и поголема мотивираност, која, според неа, ќе доведе до зголемување на продуктивноста во компаниите и во јавните институции каде ќе работат.
Можеби ќе ве интересира: