Трет ден во велешката болница бројот на хоспитализирани пациенти од ковид-19 е ист. Од таму информираат дека бројот на хоспитализирани пациенти од ковид-19 е 31. Од нив, 15 имаат позитивни тестови, пет пациенти се сомнителен на вирусот, а 11 пациенти се негативни на ПЦР тестовите, но се уште имаат потреба од болничка нега.
На кислородна поддршка се 20 пациенти. На инфективното одделение се сместени 23 пациенти, а на интерното одделение од ковид-19 се лекуваат осум пациенти.
Содржината продолжува под рекламата
Во последните 24 часа во велешкиот ковид центар хоспитализирани се двајца нови пациенти, а тројца пациенти се испишани.
Можеби ќе ве интересира: