Регистрирани нови случаи на коронавирусот ширум земјава, каква е состојбата во Велес

veles tabla vlezot
veles

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа во Велес се регистрирани десет нови случаи на коронавирусот, а во истите тие изминати 24 часа се ресгитрирани и 14 оздравени велешани.

Zito akcija 640x289px

Ширум земјава вкупно се направени 3.543 тестирања, а регистрирани се 335 нови случаи на КОВИД-19:

Agria

Скопје – 179, Прилеп – 31, Битола – 16, Кавадарци – 15, Ресен – 12, Велес и Охрид – по 10, Куманово и Гевгелија – по 8, Валандово – 7, Тетово, Кичево и Радовиш – по 5, Штип – 4, Неготино – 3, Гостивар, Кочани, Делчево, Демир Хисар и Крушево – по 2, Струмица, Струга, Свети Николе, Крива Паланка, Кратово, Богданци и Македонски Брод – по 1.

Регистрирани сe 515 оздравени пациенти од: 

Скопје – 253, Битола – 33, Охрид – 26, Прилеп – 25, Делчево – 20, Куманово – 19, Берово – 17, Велес и Струмица – по 14, Кавадарци – 13, Штип – 11, Радовиш – 8, Кочани – 7, Тетово, Кичево, Гевгелија и Ресен – по 6, Богданци – 5, Македонска Каменица – 4, Кратово, Крушево и Пехчево – по 3, Струга, Неготино, Крива Паланка, Демир Хисар и Македонски Брод – по 2, Виница, Пробиштип и Дојран – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 8 починати лица: 3 починати лица од Скопје (68г, 72г и 74г) и по едно починато лице од Битола (55г), Крушево (68г), Куманово (61г), Прилеп (75г) и Охрид (78г). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 221.744, бројот на оздравени пациенти е 208.724, на починати е 7.838, а бројот на активни случаи изнесува 5.182.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: