Претседателот Пендаровски: Две помилувања во текот на годината се задолжителни

pendarovski-15.05-1

Претседателот Стево Пендаровски вчера информираше дека две помилувања во текот на годината се задолжителни кои се нарекуваат празнични или колективни по повод Нова година и 2-ви август.

Zito akcija 640x289px

„Помилувања во принцип мора да има затоа што секојпат има барања, е сега теоретски кажано, може да се добијат 30 или 50 предлози, а да не се прифати ниту еден“, изјави Пендаровски.

Agria

Тој очекува предлогот за помилувања повторно да биде пратен кај Кабинетот на претседателот.

-Комисијата за помилување би се состанала за период од околу една недела по добивањето на финалната верзија.Само од нив зависи кога повторно ќе го враќаат кај нас, ќе го пратат ревидиран и само од тоа зависи, кога ќе го добиеме колку брзо ќе ја закажеме комисијата за помилување, рече Пендаровски, додавајќи дека по добивањето на списокот, одлуката би се донесла за околу една недела.

Министерството за правда информираше дека е повлечен претходниот список со предлози за помилувања и дека годинава нема да има новогодишни групи помилувања на осуденици.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/26068/dimitrov-reshenieto-so-bugarija-na-debata-i-validaczija-vo-makedonskiot-parlament/