Македонскиот стрип доминантен во Ваљево

Strip Valjevo 1

Во склоп на 5 тиот Меѓународен салон на стрип во Ваљево, соседна Србија од пристигнати дела од 10 земји жирито во состав Зоран Стефановиќ , управник на центарот за стрип уметност  од Белград и уметниците Миливој Костиќ и Радомир Илиќ едногласно ги прогласија најдобрите. Меѓу нив традиционално забележително место имаат и македонските автори.

Zito akcija 640x289px

„Веке четврта година непосредно и директно сум задолжен за соработката со пријателите од Ваљево, организирајки го масовното учество на стрип автори од Македонија. Впрочем , пред две години бев  специјален гостин како  селектор и промотер на  стрип изложбата на македонски автори“, изјави Томе Трајков  од Стрип центар на Македонија.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Развојот на македонскиот стрип се потврди и оваа година со добивањето на наградите за Општествен ангажман на доајенот Тоде Блажевски за карикатуралниот стрип „СРЕЌА“. За овој стрип е добитник на награда  за највозрасен учесник на меѓународнииот стрип фестивал „ ВЕЛЕС 2021“.  Најдобар млад автор на Анастасија Зафировска за стрипот “CRASH LANDING”. Анастасија Зафировска е илустраторка и стрип автор од Скопје. Инспирирана e од приказните, природата, фолклорот и детските игри. Преку илустрациите и приказните сака да ја улови магијата што ја гледала секогаш во детството.

Содржината продолжува под рекламата

Специјална награда на Центарот за стрип од Белград ја доби и Катерина Николовска во тандем со сценаристот Дејан Богојевиќ од Србија за стрипот ПРЕМИН ОД СЕНКИ. Исто како и лани , Стрип центарот на Македонија со седиште Велес доби специјална награда за педагошка работа.

Инаку  гран прито на Петтиот Ваљевски стрип фестивал го добија Владимир Кузманов и Денис Немеш за стрипот„ЛУК И ВОДА“ а првата награда ја доби реномираниот автор Дарко Мацан за стрипот — „Why worry?!“

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: