Се навршуваат 113 години од раѓањето на Кочо Рацин

Koco racin
Koco racin

На 22 декември пред 113 години е роден  КОСТА СОЛЕВ РАЦИН , авторот на стихозбирката „Бели мугри“  поради која се смета за основоположникот на современата македонска литература .

Zito akcija 640x289px

Кочо Рацин е роден во Велес , 1908 година во семејството на Марија и Апостол Солеви. Поради сиромаштија го прекинал школувањето во II клас нижа гимназија и му се посветил на татковиот, грнчарскиот занает. Но, секој слободен момент го користел за читање, повлекувајќи се на таванот и учејќи на свеќа. Ги читал делата на најистакнатите марксисти, социолози, писатели и мислители.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Псевдонимот Рацин го зел по неговата љубов Рахилка Фирфова Раца  на која и ги посветил стиховите од „Антологија на болката“. Меѓу двете светски војни станал член на Комунистичката партија на Југославија. Во 1939 година, во Самобор, до Загреб, била отпечатена на македонски јазик стихозбирката „Бели мугри“. Книгата била забранета, но сепак брзо се раширила меѓу македонското население.

Содржината продолжува под рекламата

Во 1941 година Рацин работел во Софија, но по смртта на Коле Неделковски, бил гонет од софиската полиција, па избегал во Скопје. Тука работел во Народната библиотека, а живеел илегално. Малку подоцна се вклучил во партизанските одреди. Го издавал весникот „Илинденски пат“. Загинал  на 13.6.1943 година, на планината Лопушник.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: