Министерството за здравство со најнови информации за состојбата со коронавирусот во последните 24 часа

Veles noke noemvri
Veles noke noemvri

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа во Велес се регистриранио нови десет случаи на коронавирусот, а регистрирани се и пет оздравени пациенти.

Zito akcija 640x289px

Состојбата ширум земјава од направени 3.366 тестирања, регистрирани се 320 нови случаи на КОВИД-19:

Agria

Скопје – 165, Прилеп – 26, Охрид –18, Кавадарци – 16, Битола – 11, Велес – 10, Куманово – 8, Струмица – 7, Тетово и Ресен – по 6, Гевгелија, Радовиш и Валандово – по 5, Кичево и Кочани – по 4, Штип и Берово – по 3, Гостивар, Неготино, Крива Паланка, Делчево, Богданци, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 2, Свети Николе, Виница, Пробиштип и Демир Хисар – по 1.

Регистрирани сe 214 оздравени пациенти од:

Скопје – 120, Кавадарци – 19, Битола – 18, Куманово – 8, Охрид – 6, Велес, Штип и Неготино – по 5, Прилеп, Тетово и Свети Николе – по 4, Струмица, Гевгелија и Пробиштип – по 3, Кочани – 2, Ресен, Валандово, Богданци, Струга и Дојран – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 8 починати лица: 3 починати лица од Скопје (56г, 64г и 80г), две починати лица од Кавадарци (29г и 59г),  и по едно починато лице од Велес (77г), Охрид (72г) и Ресен (72г). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.558.639 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 222.064, бројот на оздравени пациенти е 208.938, на починати е 7.853, а бројот на активни случаи изнесува 5.273.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: